Холивудскиот актер Алек Болдвин во емисијата кај Елен Деџенерис вели дека престанал да се обидува со сопругата Хилари да направат ќерка. Двојката вели дека веќе некое време се обидувале на нивната ќерка Кармен да ѝ ја исполнат желбата и да ѝ подарат сестра.
Алек и Хилари имаат пет деца, три сина и само една ќерка. Сега велат дека нема да можат да ѝ ја исполнат желбата на Кармен да добие сестра.
„Нема да се обидувам повеќе. Завршив со тоа. Или ќе остане вака, или мојата сопруга повторно ќе се омажи за некој тип кој произведува девојчиња“, изјавил Алек.
Актерот пред Хилари беше во брак со неговата колешка Ким Басинџер. Со неа ја има ќерката Ајрланд.
„Им велам на луѓето дека мојата сопруга е колекционерка. Некои собираат автомобили, некои часовници и уметнички дела. Мојата сопруга собира бебиња. Ги сака бебињата“, се пошегувал Алек во „Шоуто на Елен“.
Минатата година беше тешка за Алек и Хилари. Сопругата на актерот доживеала спонтан абортус. Да биде несреќата поголема, настанот се случил само седум месеци по нејзиниот прв абортус.
„Кога бебињата ќе наполнеа три години и ќе престанеа да бидат автомат за радост, ќе се погледневме со Хилари и ќе си кажевме дека време е да имаме уште едно“, изјавил Алек.
Тој вели дека среќата во нивниот дом станала уште поголема откако неодамна го добија синот Едуард.