Алек и Хиларија Болдвин чекаат седмо бебе, глумецот ќе стане татко на 68 години

Хиларија Болдвин е бремена и таа и Алек Болдвин го чекаат нивното заедничко дете. Веста за бременоста, 68-годишниот актер и неговата 30 години помлада жена ја споделија преку Инстаграм.

„Една од најубавите работи што моите деца ја доживеале е што имаат големо семејство и нивното срце ќе расте со секој нов брат или сестра. Нашиот капацитет за љубов продолжува да се шири и едвај чекаме да го прегрнеме нашето ново малечко оваа есен“, рекла Хиларија за магазинот „Пипл“.

Лани парот го доби своето шесто дете преку сурогат мајка, само шест месеци откако Хиларија го роди нивното петто дете. Алек и Хиларија ги имаат ќерките Марија (1), и Кармен (8), и синовите Рафаел (6), Леонардо (5), Ромео (3) и Едуардо (18 месеци).

Scroll to Top