Алекс ја користел Џеј Ло за да го има по медиуми: Нови приказни за разделбата на познатата двојка

Иако во моментов живеат на две различни американски крајбрежја, Џеј Ло во Мајами, а Бен во Лос Анџелес, се зборува дека двојката наскоро ќе почне заеднички живот.

По криењата и обидите својата врска да ѝ ја претстават на јавноста како пријателско дружење, било повеќе од очигледно дека помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек има нешто повеќе.

Според странските медиуми, латино-дивата и холивудскиот актер  им рекле на своите најблиски дека нивната врска трае веќе два месеца.

„Кога повторно стапиле во контакт, морале да видат дали постојат искри, бидејќи не поминало многу време. Постои, и двајцата уживаат“, рекол извор близок на парот.

 

Џенифер и Бен беа свршени и се разделија пред 17 години, а сега отворено зборуваат за тој период.

„Разговарале и за минатото и за тоа зошто не им успеало. Двајцата сега имаат надеж во врската и се трудат. Позрели се и сè е поинаку“, објаснил неименуван извор.

Пред неколку денови се пишуваше дека Џенифер Лопез го оставила Алекс Родригез, со кого беше четири години во врска, односно свршена две години, бидејќи кон неа се однесувал драстично поинаку кога не ги следеле папараците и, наводно, уживал во вниманието на медиумите кое го добил поради врската со латино-ѕвездата.

– Алекс беше повеќе вљубен во идејата за нив двајца како пар, отколку што го интересираше самата врска – истакнал анонимен извор неодамна и додал дека Родригез бил заинтересиран за шоубизнис и не се однесувал како грижлив партнер кој ја обожава Џеј Ло во моментите кога никој не ги гледа.

Покрај тоа, американските медиуми пишуваат дека поранешниот спортист само ја искористувал Џенифер за да се пишува за него.

Scroll to Top