Бразилската манекенка, Алесандра Амбросио го прослави својот 42. роденден со пријателите во родниот Флоријанполис, Бразил, а видена е во друштво на непознат маж со кој вечерала.
За таа прилика таа облекла кремов комплет составен од маица и панталони со реси. Комбинацијата ја комплетирала со бисерни обетки, кафена чанта и сандали. Мажот со кој седела Амбросио бил дел од големото друштво со кое славела таа вечер.
Инаку, Амбросио има две деца, ќерката Ања и синот Ноа, од партнерот американскиот претприемач Џејми Мазур, со кој беа заедно десет години, со кој беа само свршени, но никогаш не се венчаа.
Манекенката минатото лето ја посети Црна Гора каде се дружеше со Ивана Кнол, а потоа со семејството го посети Белград.
Алесандра веќе подолго време е во врска Ричард Ли, со кој не ја крие својата љубов.