Светските медиуми пишуваат дека долгогодишната девојка на Владимир Путин, Алина Кабајева, станува нетрпелива што се однесува до бракот со Путин.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на годишната конференција со новинарите, како што пишува „Ројтерс“ навести дека планира да се венча повторно, но не откри повеќе детали за тоа кога ќе се случи венчавката и со кого.
„Како пристоен човек мора да го направам овој чекор порано или подоцна“, одговори Путин на поставеното прашање на еден од новинарите, за тоа кога рускиот претседател планира да се венча.
Врската меѓу Путин и Кабајева прв ја откри таблоидот „Московски коресподент“, кој е во сопственост на некогашниот агент од КГБ и шпион на Путин Александра Лебедева.
Кабаева е една од омилените жени во Русија, а повеќе од една деценија медиумите не ја поврзуваат со ниту еден маж освен со Владимир Путин. Од 2014 година Кабаева ја води „Националната медиумска група“, по што дала оставка од местото пратеник во рускиот парламент.
Алина ретко се појавува во јавност. Медиумите пишуваат дека некогаш и самата ги подгревала шпекулациите во јавноста.
Во еден момент изјавила дека го пронашла човекот кој многу го сакала, одбивајќи да го каже неговото име. Таа негирала дека има деца, иако на моменти е фотографирана со две дечиња, за кои потоа тврдела дека ѝ се внуци.
Последните години наведува дека поради ботоксот ѝ се променил личниот опис.