Алиса Милано има проблеми со помнењето седум месеци откако се зарази со корона

Познатата актерка Алиса Милано, која ги почувствува првите симптоми на коронавирусот кон крајот на март, откри дека сè уште ги чувствува последиците. Гостуваше во емисијата „Д-р Оз шоу“, каде детално зборуваше за нејзината повеќемесечна борба.

Откако неодамна апелираше до луѓето да носат маски, и објасни дека косата и паѓа многу поради коронавирусот, таа сега призна дека има проблеми со меморијата, дека се сеќава на некои работи „преку магла“, што претходно не и се случило.

„Моите први симптоми беа стомачни проблеми и главоболки какви што никогаш порано не сум чувствувала во животот, како и голем замор. Тоа траеше околу три дена. Си помислив дека веројатно треба да се тестирам“, рече актерката.

Таа потсети дека првиот тест бил негативен, но потоа следеле поагресивни симптоми, пишува „Пипл“.

„Два дена по првиот тест, почувствував проблем во белите дробови. Стана навистина страшно. Не знаев дали да одам во болница, во собата за итни случаи или да останам дома“, рече Милано.

Тогаш д-р Оз ја праша Алиса како е можно таа сè уште да се бори со опаѓање на косата.

„Тешко е, особено кога сте актер и косата е дел од вашиот идентитет. Покрај тоа, сега имам проблем со меморијата, што како актерка е голема пречка во мојата работа затоа што морам да го запомнам дијалогот, тоа е страшно“, призна Милано.

Scroll to Top