Светската ѕвезда Алиша Кис престана да се шминка пред три години. Таа не беше нашминкана ни на Греми наградите, иако беше нивни домаќин. Пејачката реши да престане да се шминка уште во 2016 година и неодамна изјави дека никогаш веќе нема да се врати во времето кога била роб на шминкањето.
„Сакам да се изразам самата себеси и би сакала сите познати дами да го прават истото. Секој пат кога ќе излезев од дома се грижев дали сум заборавила да ставам шминка и дали некој ќе ме слика. Уште полошо, што ако го објават тоа некаде? Тоа беа површни несигурности, но навистина така размислував. Премногу се грижев што ќе мислат другите за мене“, рекла пејачката.
Иако не беше нашминкана на Греми наградите, мејкап артистите рекоа дека Кис изгледа совршено, исто како и со шминка.