Алкохолот му ги уништи бракот и кариерата, но врската со Џеј Ло го врати на вистинскиот пат: Животната приказна на Бен Афлек

Холивудскиот актер Бен Афлик (49) во минатото се соочи со бројни проблеми со алкохолот, па дури три пати беше на рехабилитација, и тоа во 2001, 2017 и 2018 година. Поради тоа, беше принуден во 2017 да се откаже од улогата на Бетмен, а местото му го презема Роберт Патисон. По рехабилатицијата во 2018, и официјално се разведе од сопругата Џенифер Гарнер (49), иако веќе неколку години беа разделени. Но откако се смири со својата некогашната свршеница Џенифер Лопез (52), тој повторно води среќен и стабилен живот.

Во 2015 година Кристин Узониан, дадилката на Бен и Џенифер Гарнер, тврдеше дека имала афера со актерот, па истиот месец холивудската двојка го најави разводот.

„Бевме разделени неколку месеци пред да слушнам за дадилката, таа нема никаква врска со нашата одлука да се разведеме. Таа не беше дел од равенството. Но, сепак беше лоша процена. Бен е љубовта на мојот живот. Но, што ќе направам со тоа? Тој е најпрекрасната личност во јавност, најхаризматична, најдарежлива. Само многу е комплициран“, рече Гарнер во кратко интервју, неколку месеци по најавата за развод.

Во 2017 година, актерот беше на рехабилитација поради зависноста од алкохол, па медиумите шпекулираа дека тој наводно се смирил со Гарнер и дека сепак нема да се разведат. Но во април истата година, тие поднесоа документи за развод, неколку месеци пред Бен да се откаже од улогата на Бетмен, за која се подготвуваше мошне сериозно. Неговиот тренер Магнус Лигбек откри дека вежбал доста напорно со цел да добие поуверлив изглед за улогата на познатиот херој од Готам. Јавноста беше изненадена од неговата одлука да се откаже, па актерот во интервју од 2020 година изјави дека додека го снимал Justice Legaue се чувствувал целосно понижено и несреќно.

„Мислам дека воопшто не беше интересно. Потоа се случија некои ужасни работи. Но, тогаш одлучив дека повеќе нема да го правам ова“, рече Афлек и додаде дека неговиот најдобар пријател Мет Дејмон имал огромно влијание врз тоа да ја донесе одлуката.

Во октомври 2018 година Афлек, еден ден пред официјално да се разведе од Гарнер, објави на својот инстаграм-профил дека повторно е на рехабилитација и им се заблагодари на сите што биле со него за време на најтешките мигови. Тој во интервју од 2020 година изјави дека најмногу жали за разводот со Џенифер Гарнер. Тој додаде дека многу се срами и се чувствува дека направил работи за кои зажалил, но и „дека научил како да се подигне, да научи од минатото и да оди напред“.

По рехабилитацијата, Бен повторно се фокусираше на обновување на својата кариера и поправање на сопствениот имиџ. Тој го сними филмот Tripple Frontier, чиј трејлер излезе во 2019 година.

Бен отсекогаш отворено говореше за борбата со зависностите. Тој во една пригод изјави дека не сака неговите деца да се плашат од него затоа што има проблеми со алкохолизмот. По последната рехабилитација, тој редовно оди на прошетки со децата.

Во април 2021 година, откако целосно го промени начинот на живот, почнаа да кружат шпекулации дека 17 години по разделбата повторно е заедно со пејачката Џенифер Лопез. По што актерот изјави дека најверојатно ќе продолжел да пие алкохол, ако останел во брак со поранешната сопруга, па неговата изјава наиде на огромна осуда кај корисниците на социјалните мрежи.

Двојката ја потврди веста дека се заедно и дека се вљубени еден во друг. Покрај тоа што постојано се фотографирани од папараците додека се држат за рака, тие и самите често објавуваат фотографии еден од друг.

 

 

 

Тој повеќепати отворено зборуваше за тоа низ што сè поминал во животот, почнувајќи од неговата борба со пороците, врската со неговата поранешна свршеница Џеј Ло, до пропаднатиот брак со Џенифер Гарнер со која има три деца.

 

 

Scroll to Top