Амал и децата нема да добијат ништо од богатството на Џорџ Клуни

Холивудскиот актер Џорџ Клуни, во едно од своите последни интервјуа кои ги дал, признал дека неговото богатство, откако тој ќе умре, ќе го наследат неговите пријатели.

dobivaj vesti na viber

Клуни во изјава за медиумите, по повод промоцијата на новиот филм Midnight Sky, признал дека поголемит дел од неговото богатство, вредно околу 500 милиони долари, нема да го наследи неговата 42 годишна сопруга, Амал Клуни и децата, пишува Entertaintimes.com.

Клуни им објаснил на новинарите дека го направил тестаментот во времето кога ја запознал Амал, на почетокот на 2014 година. Кога го прашала таа што планира да направи со неговото богатство по смртта, тој и одговорил дека истото ќе го наследат некои од неговите пријатели.

Тој ѝ објаснил дека планира да им ги даде парите на луѓе кои не успеале да се збогатат како него и на кои им е потребна помош, своите деца да можат да им платат да учат на факултет.

И самиот Клуни долго време бил без пари и немал ништо. Тоа го научило да биде благодарен на богатството кое сега го има и кое го научило да биде свесен како животот може да биде тежок за обичните луѓе.

И самиот Клуни има пораснато во сиромашно семејство. Неговата самохрана мајка морала да работи две работи за да се грижи за него и неговиот брат. Не и било лесно, но Клуни вели дека не им недостигала љубов.

 

Scroll to Top