Амал Клуни позираше за „Вог“

Амал Клуни е ѕвездата од мајското издание на „Вог“. 40-годишната адвокатка и хуманитарка ја покани екипата на модната библија во семејниот дом во Англија во кој живее со Џорџ Клуни и близнаците Ела и Александар.

Фотографиите, за кои Амал облече креации на Александар Меквин, Оскар де ла Рента, Балман и Фенди, се дело на реномираната фотографка Ени Либовиц.

Во интервјуто за модното списание, Амал ги коментираше првите зборови на малите близначиња. „Имавме неколку ‘мама’ и ‘тато’. Џорџ беше многу внимателен со цел да биде сигурен дека ‘мама’ ќе биде нивниот прв збор“ – рече таа.

За движењето „Mи ту“, Амал изјави: „Мислам дека поради храбрите жени кои истапија напред со своите стории, работната средина во иднина ќе биде побезбедна за мојата ќерка одошто беше за луѓето од мојата генерација. Во ситуација сме предаторот да се чувствува помалку безбеден, а професионалната жена побезбедна и токму така и треба да биде.“

Scroll to Top