Информацијата дека фирмата „Амазон“ ги откупила правата на прочуениот серијал „Господарот на прстените“ ги израдувала фановите во светот.
Во производство е новата играна серија чија продукција чини неверојатни милијарда долари.
Како што е најавено, првата сезона нема да биде само за хобитите и орките, туку ќе се занимава со Арагорн, кој во прочуениот филм го игра Виго Мортенсен.
Оваа серија ќе биде наменета за сите оние што никогаш не ја прочитале книгата.
Останува прашањето дали актерите од филмот ќе се вратат да ги повторат улогите преку кои многумина од нив се прославија.
Едно е сигурно, со милијарда долари вложени во продукцијата оваа серија ќе биде светлосни години пред сите конкуренти.