Амбер Хард ја напушти глумата и се пресели во Шпанија

Според пишувањата на „Дејли мејл“, Амбер Хард замина од замина од Холивуд и и се пресели во Шпанија со нејзината ќерка Унаг. Според наводите, Хард говори два јазика – англиски и шпански, со Шанија сака да ја одгледа ќерка ѝ подалеку од вревата, рекла пријателка на глумицата.

Не е познато дали Амбер засекогаш или само привремено ја напуштила глумата.

„Мислам дека таа не брза да се врати на работа или во Холивуд. Веројатно ќе дојде и тоа, кога ќе дојде вистинското време, за вистинскиот проект”, додава пријателката.

Во јули 2022 година, глумицата ја продаде куќата во долината Јука, во Калифорнија за 1,1 милион долари. Оттогаш, таа минуваше доста време во Шпанија. Во октомври лани, Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, како и во детски парк со својата ќерка.

Scroll to Top