Амбер Херд го доби Џони Деп на суд

Глумицата Амбер Херд го доби судскиот спор против својот партнер и колега Џони Деп. Судијата го прогласи глумецот за вознемирувач и лице што малтретира, пренесуваат светските медиуми.

Судскиот процес траеше со месеци, а по сите изјави и прикажани докази, судот на крајот донесе одлука во корист на Херд. Ваквата одлука стигна како изненадување и шок за голем број обожаватели на Деп.

Деп подигна тужба против медиумската куќа „Сан“ и поранешната сопруга Амбер, со која беше 15 месеци. Причината беше текстот во кој Амбер тврдела дека тој физички ја малтретирал.

Иако Деп приложил докази дека таа е личноста што него физички го повредила, судската одлука на крајот стана поинаква. Од 14 обвинувања што Амбер ги поднесе против Деп, судот ѝ прифати 12.

Адвокатите на Амбер на самиот крај изјавиле дека не се изненадени од оваа победа. Од друга страна, глумецот и неговиот тим досега се немаат огласено по повод оваа одлука.

За потсетување, холивудската двојка се раздели во мај 2016 година кога глумицата, по 15 месеци брак, побара развод, а барањето го допопни и со обвинувањата дека Деп ја малтретирал. Таа го обвини дека тој ја повредил кога ја удрил со мобилниот в лице.

Во следните месеци двајцата се обвинуваа за меѓусебно малтретирање. Деп ја обвини дека го погодила со стаклено шише и дека му го повредила прстот. Тој јавно ја обвини и дека му изгаснала цигара од неговото лице. Таа го обвини дека ја тепал, ја кубел за косата, ја стегал за вратот и дека речиси ја удавил.

Scroll to Top