Амбер Херд им должи на адвокатите повеќе отколку на Џони Деп

By

Амбер Херд им должи на адвокатите повеќе пари отколку што треба да му исплати на бившиот Џони Деп. Откако го изгуби судскиот процес со Деп, таа треба да му исплати 10,2 милиони долари, а на адвокатите 15 милиони долари, пренесе шпанска Marca.

dobivaj vesti na viber

Неколку осигурителни друштва кои биле вмешани во судскиот спор, во овој момент одбиваат да ги платат нејзините трошоци. Затоа што нема пари да му плати на глумецот, таа поднесе жалба на пресудата.

На крајот на јули годинава ја продаде и куќата во јужна Калифорнија во долината Јука за околу 1,1 милион долари, но тие пари не беа доволни за да го покрие долгот. За куќата доби двојно повеќе од што ја плати пред три години. Ја купи за време на пандемија, а од тогаш вредноста и порасна.

За потсетување, од неодамна излезе и трејлерот за играниот филм Hot Take: The Depp/Heard Trial, во кој е прикажано медиумското судење за клевета меѓу поранешниот холивудски пар.

Американската стриминг платформа го сподели трејлерот за филмот на „Јутјуб“. Во него ќе играат Марк Хапка, како Џони Деп, Меган Дејвис како Херд, Мери Кериг како адвокатката на глумицата, Елејн Бредехофт и Мелиса Марти како адвокатката на Деп, Камил Васкез.

Филмот го режираше Сала Ломан.

 

Ќе ви се допадне