Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во новиот „Аквамен“

Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во „Аквамен 2“. Оваа одлуката ја донесоа продуцентите откако фановите дадоа петиција да таа биде исфрлена од филмската екипа.

Петицијата беше дадена уште во 2019 година, а ја почна Џин Ларсон. Таа рече дека Амбер е насилник и дека откажувањето на нејзиното појавување во „Аквамен 2“ ќе спречи тоа да биде глорифицирано.

„Мажите се жртви на семејни злоупотреби исто како и жените. Тоа мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи ширење на познатите злоупотребувачи во забавната индустрија“, стои во петицијата која ја потпишаа два милиони фанови.

„Направете ја вистинската работа. Тргнете ја Амбер Херд од ‘Аквамен 2’“, стои како заклучок.

Инаку, петицијата повторно стана актуелна поради судската парница меѓу Амбер и Џони Деп. За потсетување, двајцата влегоа во четвртата недела од судскиот процес во Вирџинија.

Деп бара од Амбер 50 милиони долари поради текст која ја објави во „Вашингтон пост“, во кој тврди дека е жрвта на семејна злоупотреба.

Амбер возврати со контратужба и бара од него 100 милиони долари затоа што смета дека со неговата тужба, тој сака да ја уплаши и да ја замолчи. Тоа во Америка е противзаконско.

 

Scroll to Top