Американска компанија објави мемоари на Хари, а фановите критикуваат сè било режија на Меган

Американската компанијата Penguin Random Haouse ги објави на нивната насловна страна мемоарите на принцот Хари, кои официјално треба да бидат објавени на 10 јануари 2023 година.

„Возбудени сме што на нашите читатели ќе им ја пренесеме личната и емоционална силна приказна на војводата од Сасекс, принцот Хари. За Хари ова е конечно неговата приказна“, рекоа од компанијата.

На насловната страна, Хари позира гледајќи сериозно во камерата. Фановите брзо коментираа, а некои од нив напишаа дека воопшто не треба да се престане со драмите, да не се објавува повеќе за нив и дека медиумите треба да ги остават на мира.

Некои пак коментираа и дека сето ова го режирала сопругата на Хари Меган Маркл. Веста е за тоа дека Хари пишува мемоари се објави уште во јули 2021 година. Иако прво се зборуваше дека ќе ги објави во ноември годинава, сепак мораше да ги одложи заради смртта на кралицата Елизабета Втора.

 

Scroll to Top