Американска пејачка загина во сообраќајка во Њу Мексико

Американската пејачка Кајли Реј Харис загина во сообраќајна несреќа во Њу Мексико. Покрај пејачката, во несреќата загинала уште една 16 годишна девојка. Во сообраќајката учествувале три возила. Во едниот се наоѓала Кајли, а во вториот другата девојка. Возачот во третото возило немал никакви повреди.

Кајли патувала на музичкиот фестивал во Таос, каде се случила несреќата. Полицијата потврдила дека возачот во возилото во кое се наоѓала пејачката бил во алкохолизирана состојба, но не објавиле дали зад воланот седела Кајли.

Неколку часа пред несреќата пејачката на социјалните мрежи со своите обожаватели споделила статус дека е тажна и уморна и се потсетила на многуте сообраќајките кои се случиле во нејзиното семејство.

„Сега сум на пат за Таос, каде ќе настапам на музички фестивал. Го сакам овој фестивал, а за оние кои не знаат, моите баба и дедо живееа тука. Мојот вујко сеуште живее тука, но буквално сите мои роднини кои повеќе не се живи, вклучувајќи го и мојот татко, го изгубија жвотот на овие патишта. Сега сум уморна и тажна затоа што возам 12 часа. Но, последните неколку часа возам низ планини и се потсетувам на моментите кога бев девојче и кога се возев на задното седиште во автомобилот на татко ми, каде ми беше најубаво“, напишала Кајли.

Тажаната вест за нејзината смрт ја споделил нејзиниот портпарол.

 

Scroll to Top