Според истражувањето што го направи американската телевизиска куќа Си-ен-ен, првата дама на САД, Меланија Трамп, е попопуларна од својот американски сопруг, претседателот Доналд Трамп.
47% од испитаниците кои биле опфатени во анкетата покажале позитивно мислење за Меланија, додека Доналд Трамп го поддржуваат само 40%.
Популарноста кај првата дама траела во текот на целата 2017 година, а најголемо ниво достигнала во март, со 52 %.
Една година претходно, 36 отсто од анкетираните имале позитивно мислење за неа.
Сепак, 37 отсто од анкетираните не ја поддржуваат Меланија Трамп, а нејзиниот сопруг цели 55 отсто, информира Си-eн-eн.