Ана де Армас се всели во вилата на Бен Афлек

Кубанската глумица Ана де Армас се вселила во вилата на својот партнер Бен Афлек, пишува магазинот „Пипл“. Иако до неодамна за нив двајца се зборуваше дека ќе раскинат, сега светските таблоиди пренесуваат дека тие планираат заеднички живот.

Според извор близок до нив, Ана се вселила во вилата на Бен, вредна 200 милиони долари, која глумецот ја купил по разводот од поранешната сопруга, глумицата Џенифер Гарнер.

Станува збор за недвижност, со вкупна површина од 13.453 квадратни метри, која има седум спални соби, вежбалница, кино, базен и девет бањи.

Изворот објаснува дека Бен планира набргу и да се сврши и дека токму во вилата ќе ѝ ја побара раката на глумицата.

Во септември годинава неименуван извор за британски „Сан“ објаснил дека Бен вилата ја гледа како идеално место за нов почеток, каде што ќе ужива со своите три деца, кои ги доби со Џенифер – Вајолет, Серафина и Семјуел.

Scroll to Top