Познатата тенисерка Ана Ивановиќ конечно се огласи за германските медиуми и проговори за промената низ која поминува нејзиното тело по неколку месеци бременост.
– Телото ми се измени, но ми се допаѓа. Станав поженствена – изјавила Ана за германскиот весник „Бунте“. По веста дека е бремена, Ана е видена на отворањето на еден бутик во Њујорк, каде што германскиот весник објави дека таа за време на вечерта заштитнички се држела за стомакот, веројатно инстинктивна реакција на идната мајка.