Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ: „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Имено, Анастасија на својот инстаграм-профил објави видео направено од нивните најубави спомени.

Среќен роденден Бубо! Те сакам неописливо! Господ нека те чува и нека го благослови секој чекор во животот. Секогаш ќе бидам покрај тебе и ќе те поддржувам до крајот на животот – напишала Анастасија во описот на објавата.

Да потсетиме, Анастасија и Немања се венчаа во јули минатата година во манастирот Рајиновац.

Анастасија на црковната венчавка блесна во бел фустан, а кума и беше долгогодишната пријателка и актерка Тара Милутиновиќ.

Двојката живее во Шпанија, а Анастасија еднаш раскажа како морала да го научи нивниот јазик поради живеењето во Севиља.

 

Scroll to Top