Анџелина Џоли: Гепардите на сликата се сирачиња

Анџелина Џоли е на насловната страница за ноемвриското издание на „Харпер базар“. Списанието ја прослави 150-годишнината од своето прво издание со фотосесија со Џоли, која позира во пустина Намиб со три гепардa, но и со жители на Намибија.

Уништувањето на природната средина и ловот на диви животни веќе го поттикна изумирањето на некои видови во Африка. Гепардите со кои позира славната ѕвезда се спасени пред две години кога биле пронајдени како сирачиња. „Првпат се сретнав со нив во 2015 година кога тие беа младенчиња и моето семејство ги спонзорира. Тие беа сирачиња и за малку ќе умреа. Ги негувавме додека не беа повторно здрави, но тие не можеа да се вратат во дивина бидејќи веќе го имаа загубено стравот од луѓето и можеа да бидат убиени ако залутаа на некоја фарма“, раскажува Џоли. Бројот на гепардите е веќе намален на 7.100 примероци на светско ниво и затоа Анџелина порачува дека секој примерок е скапоцен.

Scroll to Top