Анџелина Џоли ги користи децата за да дознае информации за љубовниот живот на Бред Пит

Анџелина Џоли ги користи децата за да дознае информации за љубовниот живот на Бред Пит. Како што пренесуваат светските медиуми, таа е опседната со љубовниот живот на поранешниот сопруг. По овој повод се огласија и нејзини блиски пријатели.

„Џоли го прави истото тоа што го прават и повеќето други поранешни партнери, откако децата ќе почнат да спијат во домот на другиот родител. Кога ќе се вратат, тие се обидуваат да извлечат информации за поранешниот сопруг, особено оние информации поврзани за новата жена или маж во нивниот живот“, објаснил извор за американските таблоиди.

„Бред сигурно знае дека децата и кажуваат за сите работи кои се случуваат во неговиот дом, но неговата девојка Алиа е многу драга кон нив, така што Бред не е премногу загрижен околу целата таа работа“, објаснува изворот.

 

 

Scroll to Top