Анџелина Џоли ќе се мажи за милијардер

Американскиот таблоид Life & Style’s пишува дека  Анџелина Џоли ќе се мажи по четврти пат со британски милијардер во Франција.

Таблоидот пишува дека венчавката ќе се одржи на имотот Шато Миравал, истото место каде што во 2014 година Џоли се омажи со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Анонимен извор вели дека имотот се наоѓа изолиранo место и дека на таму Џоли и нејзиниот милијардер ќе можат да имаат мир и приватност.

Некои од американските медиуми пренесоа дека Бред Пит ваквата информација ја дознал преку ќерката Шајло. Извор близок до Џоли вели дека засега Џоли ужива во својот сингл живот.

„Анџелина во моментов не е во сериозна врска. Таа беше осамена по разводот со Пит, но сето тоа го надмина благодарение на љубовта и вниманието кон своите деца. Не е подготвена за сериозно да се гледа со некој се додека нејзиниот развод конечно не заврши“, вели пријателот на Џоли.

 

 

Scroll to Top