Анџелина Џоли ќе влезе во трката за претседател на САД

Една од најплатените актерки во САД и амбасадорката на Обединетите нации, Анџелина Џоли, ќе се кандидира за претседател на САД, пишуваат американските медиуми. Таа неодамна отвори свој јутјуб-канал, кој се занимава со хуманитарна работа, а досега има повеќе од 10.000 претплатници.

Во описот на каналот е наведено дека Џоли, меѓу останатото, ги претставува Обединетите нации и се занимава со прашањата за раселување на населението. Таа со својата работа придонесува во процесот на пронаоѓање решенија за оние кои се присилени да ги напуштат своите домови.

Џоли во моментов го промовира својот нов филм Maleficent: Mistress of Evil. Таа има две видеа на својот канал. Порталот Breitbart сугерира дека актерката го почнала својот јутјуб-канал за подготовка за претседателската кампања.

„Искрено да ме прашавте пред 20 години, само слатко ќе се насмеев. Навистина не знам. Секогаш велат дека ќе одам таму каде што сум потребна. Не знам дали сум соодветната личност за политика, но кога ќе помислам дека повеќе немам што да кријам, тогаш ќе помислам дека сум отворена за таквата можност. Можам да истрпам многу работи“, изјавила Џоли.

Џоли е само една од познатите личности за кои се зборувало дека би можеле да влезат во предизборната трка. Долго се зборуваше дека на Доналд Трамп би можела да му конкурира и поранешната водителка Опра Винфри.

 

Scroll to Top