Анџелина Џоли коска и кожа

By
Познатата актерка Анџелина Џоли и понатаму мака мачи со килограмите.

За килограмите и здравствената состојба на холивудската ѕвезда се зборува веќе неколку години, а актерката одвреме-навреме се појавува во јавноста ведра и насмеана, само за да докаже дека со неа е сѐ во ред.

Но, убавата Анџелина првпат по подолг временски период пред насобраната маса народ и медиумите излезе во фустан што ги откриваше нејзините колена, а фотографиите со брзина на светлината ги обиколија сите медиуми и социјални мрежи.

Коментарите за нејзините нозе, кои биле толку слаби, можеле да се прочитаат насекаде, а на луѓето Џоли им изгледала прилично страшно. На некои дури им паднало жал за неа.

И покрај тоа што и самата е свесна за проблемот со килограмите, холивудската убавица се појави на настанот на режисерскиот еснаф на Америка – Directors Guild of America, и на неа можело да се забележи широката насмевка, а видно била расположена и разговарала со насобраните луѓе делејќи автограми.

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao animedao hunter x hunter: Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 12

4Anime sword art online 4anime: Watch Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa Episode Full