Поранешните сопружници Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (54) ја откажаа судската расправа за старателството над нивните деца, пишува „Дејли мејл“. Пријатели на Анџелина велат дека актерката сака нејзиниот однос со Бред да има среќна завршница.
„И двајцата сакаат да се договорат за заедничко старателство над децата и не сакаат повеќе да водат судска борба“, истакнува близок пријател на Џоли и Пит. Анџелина ги ужива последните денови од летото заедно со децата.
Таа им помага да изградат поздрав однос со нивниот татко. Бред и Џоли ги имаат Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и близнаците Вивиен и Нокс (9).
Конфликтот меѓу Бред и Анџелина неодамна стана јавен затоа што актерката се пожалила дека Пит не ѝ плаќа доволно висока алиментација, а тој тврди дека ѝ давал пари кои таа не ги искористила за децата.
Адвокатите на Пит изјавиле дека актерот веќе ѝ исплатил повеќе од девет милиони долари на Џоли и таа од тоа купила нова куќа и ги платила заостанатите сметки.