Анџелина Џоли му се врати на првиот маж

Светските медиуми пишуваат дека Анџелина Џоли (46) му се врати на првиот маж, глумецот Џони Ли Милер (48). Таа во последните неколку дена два пати била во неговиот дом во Бруклин, а папараците ја сликале пред вратата на неговата куќа.

„Џоли носеше шише скапо вино, изгледаше како да оди на состанок“, рекол непознат извор за американскиот таблоид „Стар“.

Анџелина и Милер се венчаа 1996 година кога таа имаше 21 година. Тие се запознаа на снимањето на филмот „Хакери“ во 1995 година, а шест месеци подоцна се венчаа. Во тоа време таа носеше маица на која го испиша неговото име со својата крв.

„Тој е човекот со кој ќе се омажам набргу, па затоа треба да се жртвувате малку за да ја направите врската посебна“, рече тогаш Анџелина.

Двојката се разведе 18 месеци подоцна.

„Не жалам, бракот не успеа, но ние останавме добри пријатели“, рече Џоли, а Милер глумеше во нејзиното режисерско деби „Во земјата на крвта и медот“.

По разводот, Џоли се омажи за Били Боб Торнтон, а потоа беше во брак и со Бред Пит со кого има шест деца.

Scroll to Top