Анџелина Џоли, по 21 година, се повлече од местото амбасадор на добрата волја на Обединетите нации

Анџелина Џоли по 21 година се повлече од должноста амбасадор на УНХЦР. Глумицата рече дека се повлекува затоа што сака да работи на пошироки хуманитарни прашања, објавија од УНХЦР.

„По 20 години работа во ОН, чувствувам дека е време да работам поинаку, директно ангажирајќи се со бегалците и месните организации“, рече Џоли.

„Џоли долго време беше важен хуманитарен партнер на УНХЦР. И благодариме за нејзината децениска служба, ангажман и значење кое го имала за бегалците и лицата присилени на бегство“, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Џоли како посебен пратеник на Обединетите Нации беше во повеќе од 60 мисии а во светот го привлекуваше вниманието на медиумите со проблемот со бегалците. Неодамна ги посети и Јемен и Буркина Фасо. На „Инстаграм“ напоша дека неделава се наоѓа во Вашингтон ДЦ за важни работи.
„Јас сум во Вашингтон неделава, за да ги поддржам и да работам со многу луѓе погодени од овие прашања. Колективно го повикуваме Конгресот да донесе суштинска заштита за жртвите на злоупотреба и децата во пакетот нацрт-закон до крајот на годината“, рече Анџелина и објави фотографија од главниот град на САД.
Scroll to Top