Анџелина Џоли проговори за разводот со Бред Пит и дека боледува од ретка болест

„Понекогаш жените себе си се ставаат на последно место, па здравјето им страда“, изјави актерката во интервју за списанието „Vanity Fair“.

Актерката Анџелина Џоли говореше во интервју за „Vanity Fair“, за разводот со Бред Пит. Таа истакна дека е во прашање тежок период за неа и дека се тргнало наопаку од минатото лето, за време на снимањето на еден филм во кој глумела.

Анџелина раскажа дека се направила за да ги заштити своите деца.
„Како девојче, бев загрижена за својата мајка. Не сакам да моите деца минуваат низ истото. Подобро да плачам под тушот, и да се кријам пред нив. Тие мораат да знаат дека се ќе биде во ред, иако ниту вие не сте сигурни во тоа“, изјави Џоли и додаде дека таа и Бред ќе ги насочат децата кон заеднички цели.
Актерката потоа призна дека се разболела. Добила дијагноза од Белова парализа. Во прашање е ретка болест која доведува до нагла слабост или парализа на мускулите на едната страна на лицето. Инаку, симптомите се слични како кај мозочниот удар, но специфично е тоа што пациентот чувствува слабост во подрачјето на едната страна на лицето, а не на раката или ногата.

Така, Џоли има проблем со високиот притисок.

„Не знам дали сето тоа беше менопауза или лоша година. Понекгоаш жените се ставаат на последно место, па здравјето им страда“, искрена беше актерката и наведува дека семејството и е на прво место.

Анџелина вели дека ќе се посвети на мајчинството.

„Сакам да бидам што повеќе дома и да научам да подготвувам јадења кои оите деца ги сакаат. Тие сакаа да одам на часови по готвење…“, наведе таа.

 

Scroll to Top