Анџелина Џоли се повлекува од актерството, отвора бизнис за облека и накит

Анџелина Џоли одлучила да направи мала пауза од актерството за да се фокусира на започнување нов бизнис. Таа напорно работи на создавање линија на облека и накит.

Актерката веќе се пријавила за заштита на брендот наречен „Ателиер Џоли“. На овој проект работи една година и се надева дека барањето наскоро ќе биде одобрено.

„Таа е голем поборник за одржлива мода и тоа е нешто на што ќе се фокусира. Новиот бизнис е сè уште е на почеток”, изјавил извор за американските медиуми.

Неодамна во интервју за магазинот „Вог“ зборувала зошто ја поддржува одржливата мода.

„Вложувам во квалитетни парчиња облека, а потоа ги носам „до смрт“. Немам проблем да носам чизми, капут или чанта долго време. Освен тоа, чекор е и купувањето облека од втора рака кон одржлива иднина“, рекла таа.

Scroll to Top