Светската глумица Анџелина Џоли бара имот во Европа каде може да се пресели, пишуваат светските медиуми. Џоли не сака повеќе да биде во близина на нејзиниот поранешен партнер Бред Пит.
„Би сакала да живеам во Европа, некаде преку океанот. Сакам уште сега да се подготвам кога моите деца ќе наполнат 18 години, да се преселиме од САД. Во моментов морам да останам тука, заради нивниот татко, кој не сакам повеќе да го видам и сакам да побегнам подалеку од него“, изјавила Џоли.
Нејзин близок пријател вели дека таа веќе разгледувала неколку недвижности во Европа.
„Џоли побара од судот дозвола за да се пресели. Сака да си замине колку е можно побрзо од Лос Анџелес. Веќе разгледуваше неколку недвижности кои може да ги купи низ Европа, а бараше и вила во Франција која ќе и служи за одмор“, тврди изворот.
Анџелина е скоро сигурна дека судот ќе пресуди во нејзина корист и подготвена е да го избрише поранешниот сопруг од својот живот.