Анџелина Џоли сочувствува со жените и децата бегалци од Авганистан: Не требаше да заврши вака, напиша таа во колумна за „Тајм“

By

Холивудската актерка Анџелина Џоли со колумна во „Тајм“ се осврна на немилите настани кои се случија изминатиот период во Авганистан. Таа го осуди повлекувањето на американските војници од земјата и вели дека е загрижена за хаосот кој настана.

dobivaj vesti na viber

„Како Американка, се срамам од начинот на кој заминавме“, пишува Џоли.

Анџелина вели дека ѝ е тешко да се поверува дека САД го напуштија Авганистан по цели две децении. Таа пишува дека е загрижена дека сегашните немири можат да го срушат секој општествен напредок што е постигнат за жените и младите девојки во Авганистан.

Таа предупреди за начините на кои талибанците би можеле да ги казнат жените, вклучително и да им забранат на девојчиња да одат на училиште. Се плаши дека ќе ги ограничат жените да бидат постојано дома и ќе го практикуваат бруталното телесно казнување и нападите во јавност.

„Какви и да се вашите ставови во врска со војната во Авганистан, најверојатно се согласуваме за една работа: Не требаше да заврши вака“, напиша Џоли.

Таа го нарече повлекувањето на американската војска од земјата предавство и неспособност во целост да се разбере дека САД се откажаа од обидот да го одржуваат мировниот договор меѓу талибанците и авганистанската влада.

Ѕвездата напиша и дека смета дека ќе има „нова бегалска криза“, додавајќи дека сегашната стратегија за повлекувањето на Американците и Авганистанците од земјата не е доволна.

„Ова е само почеток на она што мора да го направиме ако сите години на напор и жртви во Авганистан се потрошат залудно“, напиша Џоли.

Џоли раскажа дека се сретнала со повредени војници и жени во воздухопловната база Рамштајн во Германија и посочи колку се горди што се дел од помошта на авганистанскиот народ во стекнувањето на основните права и слободи.

Актерката напиша дека сочувствува со сите деца и тинејџери од Авганистан кои сега живеат во страв за својата иднина. Дека новинарите и активистите се „кријат“ во Авганистан и дека „ги избришале профилите на социјалните мрежи и ги запалиле своите документи во обид да се заштитат себеси и своите семејства“.

„По целото крвопролевање, напор, жртва и време, се чини дека на Америка ѝ недостасува волја да ја испланира оваа транзиција на успешен начин. Никогаш нема да биде лесно или совршено, но можеше да биде подобро, попристојно и побезбедно“, напиша актерката.

 

За дополнителниот хаос меѓу владите придонесе и заминувањето на претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, кој избега во азил во Обединетите Арапски Емирати.

Амбасадорот на земјата во Таџикистан го обвини Гани дека украл 169 милиони долари додека ја напуштал земјата, иако Гани инсистирал дека „отишол само со елек и малку облека“ во видеото што го снимил откако се дознало каде се наоѓа.

 

 

 

Ќе ви се допадне

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

AnimeDao Horimiya Episode 7

AnimeDao The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 17

anime streaming High School DxD

Attack on Titan Final Season

tải go88