Анџелина Џоли во врска со Мики Рурк

Актерката Анџелина Џоли е во врска со нејзиниот колега Мики Рурк, пишуваат американските таблоиди. Двајцата наводно биле видени како се бакнуваат, а нејзини блиски пријатели велат дека таа влезе во оваа нова љубовна авантура само за да му се одмазди на Бред Пит.

„Џоли сака да му се одмазди на Бред, поради тоа што тој ја однесе неговата сега веќе поранешна девојка Никол Потуралски во нивниот заеднички замок во Франција, каде што се венчаа, и тоа на годишнината од нивниот брак“, открива нивен близок извор.

Тој открива дека Џоли нема намери во иднина да биде со Рурк, но дека ова го прави само за да го повреди нејзиниот поранешен партнер.

„Со оглед дека тој е многу постар од неа и се има унаказено со пластичните операции, таа не планира многу долго време да биде со него. Но, затоа што повеќето од нејзините пријатели се зафатени, или се во врска или мажени, Рурк ѝ беше некако избрзан избор“, открива изворот.

Тој вели дека Џоли  пронашла во Рурк идеален маж за да му се одмазди на Бред. Дополнителен плус е тоа што двајцата се пријатели веќе со години и Бред сигурно ќе биде погоден од тоа што сега е во врска со неговата поранешна партнерка, открива изворот.

Ова не е првпат Џоли да изведува вакво нешто. Таа претходно влезе во љубовна авантура со ѕвездата од еден еротски трилер, „9 и пол недели“.

Наводно Бред тогаш полудел од љубомора и сега Анџелина сака  да ја повтори таа сцена. Таа и Мики засега службено ја немаат потврдено врската.

Scroll to Top