Андреа Бочели снимен на луксузна јахта со сопругата и пријателите

Андреа Бочели и неговата сопруга Вероника Берти се снимени деновиве на луксузна јахта во близина на италијанскиот град Форте деи Марми. Со нив се уште неколку пријатели.

Тие уживаа во сончање, пливање и џет скијање.

Андреа и Вероника се во брак од 2014 година. Тие се запознале на забава во 2002 година, кога Бочели се развел од тогашната сопруга, со која беше во брак 10 години и има два сина.

„Сите беа таму и тоа беше навистина прекрасен момент. Тоа беше најбрзиот почеток на врска бидејќи се зближивме истата вечер”, изјави во една прилика славниот Италијанец. Тој додаде дека разликата во години не им пречела.

„Големите разлики во годините се традиција во моето семејство, има голема разлика и меѓу моите родители. Исто така сум многу религиозен, а разликата во годините е нешто што често го среќаваме во библиските бракови“, вели тој.

Scroll to Top