Американската актерка Џенифер Анистон донираше милион долари на хуманитарното здружение „Color of Change“ во солидарност со движењето „Black Lives Matter,“, пишуваат британските медиуми.
Ѕвездата на телевизиската серија „Пријатели“ направи значителна донација на добротворната организација за да искаже поддршка за движењето „Black Lives Matter,“, по смртта на Џорџ Флојд.
Флојд почина за време на полициското апсење откако полицаец го притисна со колено на вратот и го држеше така скоро 9 минути, додека постојано повторуваше дека не може да дише.
На својот Инстаграм профил, Анистон напиша: „Оваа недела беше шокантна од многу причини. Мора да признаеме дека расизмот и бруталноста во оваа земја продолжуваат долго време – и тоа никогаш не е во ред. Како сојузници, кои сакаат еднаквост и мир, наша одговорност е да го кренеме нашиот глас, да бараме правда, да се едуцираме за ова прашање и повеќе од сè, да шириме љубов. Уште колку сме подготвени да преминуваме преку тоа? “