Ар Кели би можел да заврши во затвор поради неплатена алиментација

Американскиот пејач Роберт Кели, познат како Ар Кели, би можел да заврши повторно во затвор поради задоцнувањето со плаќање алиментација на поранешната сопруга Андреа.

Како што пренесуваат американските медиуми Кели на Андреа ѝ должи 17.500 евра. Пејачот веќе бил во затвор поради ист прекршок, но веднаш бил ослободен по платената кауција.

Кели со Андреа има три деца, ќерката Џоан (21), синовите Џеј (17) и Роберт Јуниор (17). Неодамна Кели беше обвинет и за сексуална злоупотреба, а меѓу жените кои јавно го обвинија била и неговата поранешна сопруга.

По обвинувањата, пејачот двапати бил извлекуван од затвор со кауција. Пејачот бил обвинет за силување, вклучувајќи и малолетнички. Само неколку часа откако полицијата издала налог за негово апсење, пејачот самиот се предал на полицијата. Кели се појавил на суд и се изјаснил дека не е виновен по сите точки од обвинувањата.

По тоа му била одредена кауција во износ од 992.000 долари. Според наводите на американските медиуми, на Кели тешко ќе му биде да докаже пред судот дека не е виновен, а според некои навестувања од судските служби, на пејачот му се заканува затворска казна од 70 години.

Американскиот пејач е познат по неговиот најголем музички хит I Believe I Can Fly.

 

 

Scroll to Top