Кралицата на соул-музиката Арета Френклин, која почина во август 2018 година, е прогласена за добитничка на Пулицерова награда за својот петдецениски придонес во американската музика и култура.
Франклин има продадено повеќе од 75 милиони албуми. Имала 77 песни кои се нашле на листата на Билборд „Hot 100“ и 20 песни кои го освоиле првото место на ритам и блуз-листите.
Арета Френклин е првата пејачка на која ѝ е доделено ова високо признание. Претходни добитници на Пулицерова награда од областа на музиката и културата биле џез-легендата Џон Колтрејн, Скот Џоплин и нобеловецот Боб Дилан.
Магазинот Rolling Stone ја прогласи Франклин за најдобра пејачка на сите времиња, благодарение на песните Respect, Chain Of Fools и Like a Natural Woman.
Пулицеровите награди за најголем придонес во новинарството и уметноста вчера беа доделени на Универзитетот Колумбија во Њујорк, а меѓу лауреатите се новинските агенции „Асоишиејтед прес“ и „Ројтерс“, како и новинари од весниците „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“.