Арета Френклин во болница, се бори за живот

Кралицата на соул музиката, Арета Френклин, е тешко болна, а лекарите во болницата во Детроит се борат за нејзиниот живот, пишуваат американските медиуми. 76-годишната Френклин со години се мачи со срцеви заболувања и често се наоѓа под докторска нега. Нејзината состојба се влошува од ден на ден, вели извор од болницата. Со неа е целото семејство. Тие од нејзините фанови побараа да се молат за неа и за нејзиното здравје.

Арета имаше здравствени проблеми во текот на целиот живот, се бореше со прекумерна тежина, алкохолизам и зависност од цигари. Во 2011 година се појавија гласини дека има рак на панкреасот, но таа го негираше тоа.

Пејачката лани престана и со настапите во живо, ама и пред крајот откажа голем број концерти поради нејзината здравствена состојба. Нејзиниот последен настап беше на 2 ноември 2017 година, кога пееше на фестивал организиран од страна на фондацијата на Елтон Џон.

„И понатаму ќе продолжам да снимам музика, но оваа година ќе биде последната во која настапувам пред публика“, рече пејачката интервју во февруари оваа година.

Scroll to Top