Аријана Гранде се сврши со комичарот Пит Дејвидсон

Аријана Гранде на Твитер за да ги потврди дека се свршила со нејзиното момче, комичарот Пит Дејвидсон.

Откако еден фан ѝ напиша „се надевам дека тој знае дека и со нас ќе се венча“, 24-годишната пејачка му одговори: „Хахаха, известен е“.

Друг обожавател ја ослови како госпоѓа Дејвидсон, на што таа емотивно реагираше.

Пит Дејвидсон (24 години), кој е најпознат по своите настапи во американското шоу „Сабота вечер во живо“, неодамна си ги истетовира иницијалите на Аријана.

Тие на 30 мај на Инстаграм објавија дека се заедно, набргу откако Аријана раскина со претходниот партнер, раперот Мек Милер.

Аријана неодамна откри дека страда од пост-трауматски синдром, откако лани за време на нејзиниот концерт во Манчестер загинаа 22 лица во бомбашки напад.

Scroll to Top