Актерот Арми Хамер сам се пријавил во клиника за рехабилитација за лечење од зависности, откако неколку жени го обвинија за сексуален канибализам и злоупотреба. Тој ги напуштил Кајманските Острови, каде што живееше голем дел од минатата година, и сега во САД ќе се лекување од дрога, алкохол и секс.
Според „Венити фер“, актерот е во болница на Флорида од 31 мај.
Арми има поддршка од сопругата Елизабет Чемберс, со која се раздели лани летото, но и од семејството на поранешна сопруга и нивните деца Харпер (6) и Форд (4), кои биле со него кога се вратил во САД. Семеен пријател за списанието изјавил дека актерот е посветен на заздравување и старателство над своите деца.
За потсетување, холивудскиот актер беше обвинет за сексуален канибализам кога во јавноста се појавија пораки што наводно ѝ ги испраќал на една жена.
„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена на пораки пишува: „Морам да ја испијам твојата крв“ и „Ќе бидам многу лош со тебе“. Тој ѝ се обраќа на жената со робинка, па ѝ вели дека сака да ѝ го отсече ножниот прст, но вели и дека сака да доминира над неа. „Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш моја робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џебот, така што секогаш ќе имам дел од тебе во своја сопственост“, пишува во една од пораките.
По контроверзиите, Хамер се повлече од филмот Shotgun Wedding.