Арнолд Шварценегер: Дојде до компликации кога ми го оперираа срцето, можев да умрам

Поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот и поранешен професионален бодибилдер Арнолд Шварценегер се потсети на времето кога лекарите му го оперирале срцето. На социјалните мрежи призна дека за време на операцијата можел да умре.

„Се сеќавам кога ја направив третата операција на отворено срце. Тоа беше пред неколку години, непосредно пред да започнеме со снимање на „Терминатор 6“. Се разбудив и одеднаш пред мене имаше лекари кои ми велеа дека им е жал и дека операцијата не се одвивалла како што планирале“, рече Шварценегер.

Додаде дека требало да биде едноставна процедура, но се се искомплицирало кога лекарите по грешка му го дупнале ѕидот на срцето, предизвикувајќи внатрешно крварење. Морале да му ги отворат градите на за да му го спасат животот.

„Кога ми кажаа, се исплашив и само си помислив какви лоши вести“, додаде тој.

„Се прашував како ќе се извлечам од сето тоа. Во филмот, требаше да трчам, да снимам сцени со борби, да кревам разни предмети. Но, прво морав да излезам од болницата. Ми помогнаа пријателите кои ме мотивираа“, рече Арнолд чие закрепнување напредувало бавно.

Откри дека морал да прави до десет чекори дневно во секојдневните прошетки низ болницата. На крајот опоравувањето го продолжил дома ѝ успеал да се подготви за снимањето на филмот. Го сподели видеото на социјалните мрежи за да ги охрабри сите кои не одат во вежабална да почнат да го прават тоа.

„Не е важно од каде и како, само почнете“, рече Шварценегер.

Scroll to Top