Свеската пејачка Дуа Липа во средата првпат настапуваше во преполна сала во Шангај, кога за време на концертот неколу фанови почнале да играат со знаме со симбол на геј заедница, а обезбедувањето на сила ги избркала надвор.
На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа како Дуа се обидува да го продолжи настапот додека обезбедувањето ги брка обожавателите.
Вознимерената пејачка се обрати на публиката обидувајќи да ги задржи солзите.
„Сакам да имам сигурна средина за сите нас и да се забавуваме“,им рече таа фановите. Следниот ден се огласи и на социјалните мрежи, велејќи :„Синоќешниот настап го одржав за своите фанови. Стоев со нив, пеев и играв со нив. За тоа што го направите треба многу храброст. Се згрозив од тоа што се случи и праќам љубов на сите фанови кои беа вклучени во инцидентот. Се надевам дека кога ситуацијата ќе биде поразлична ќе се вратам, а салата ќе биде полна“ , напиша Дуа на Инстаграм.
https://twitter.com/8102Delta/status/1039913652499886080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1039913652499886080%7Ctwgr%5E363937393b70726f64756374696f6e%7Ctwcon%5Elogo&ref_url=https%3A%2F%2Fvistina.com.mk%2Fradio-mileva%2Fne-mozam-da-veruvam-skandal-na-nastapot-na-dua-lipa-video%2F