Аврил Лавињ ги демантира гласините дека умрела

Канадската пејачка Аврил Лавињ демантира дека умрела и вели дека вестите што се шират на интернет се „глупави измислици“. Таа во интерју за „Ентертејнмент викли“ вели дека е жива и дека на е точно дека пред многу години била заменета од нејзината двојничка Мелиса.

„Тоа е толку глупаво. Од една страна, луѓето ми велат: Боже, изгледаш исто, а други велат: О, па таа умре. На луѓето им е здодевно и им треба е нешто за што ќе зборуваат,“ рекла пејачката, одговарајќи на прашањето зошто гласините за нејзината смрт се толку популарни.

Гласините дека Лавињ се изморила од славата и изнајмила двојничка за да ја претставува во јавноста почнаа уште во 2005 година и никогаш не стивнаа меѓу фановите. Некои медиуми пишуваа дека пејачката всушност умрела во периодот меѓу 2002 и 2004 година и дека нејзината дискографска куќа, не сакајќи да изгуби пари, одлучила да ја изнајми Мелиса која требала да ја глуми Аврил.

 

Scroll to Top