Австралиецот Симон, кој тврди дека му е син на Чарлс, сака да го запознае Хари; ние сме црни овци

Сајмон Чарлс Доранте Деј (56) кој од 2016 година тврди дека е син на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, во едно интервју за австралиска телевизија, рече дека би сакал да го запознае принцот Хари. Тој верува дека и двајцата имаат многу заеднички теми за кои можат да зборуваат.

„И двајцата сме црни овци во кралското семејство. Би рекол дека тоа е нешто што не поврзува. Верувам дека Хари би ја прифатил мојата неволја. Кога би го сретнал, прво силно би го прегрнал. Да бидам искрен, мислам дека му е потребна прегратка“, рече Сајмон, а пренесе Daily Mail.

„Голем дел од критиките кои ги добива се неправедни. Многу ме нервира тоа што не му дозволија да носи воена униформа на погребот на баба му“, додаде тој.

Доранте Деј живее во Квинсленд. Тој е инженер, а неговата сопруга Елвиана е по потекло од Австралија. Тој смета дека жена му и Меган Маркл исто така имаат многу заеднички работи кои ги поврзуваат. Сајмон процени дека Хари во изминатите денови изгледал нервозно.

„Сигурен сум дека бил загрижен некој да не ја нападне Меган и да ѝ рече нешто лошо“, рече Сајмон.

„Мојата сопруга е иста како Меган. Би го советувал Хари да ја пушти да си каже што ѝ лежи на душата. Луѓето кон неа се однесуваат расистички и се нечувствителни. Таа треба да им возврати. Не смеат луѓето да гледаат со презир кон неа“, додаде тој.

„Ова е можност за сите нас да разговараме еден на еден. Би било многу просветлувачки“, додаде Сајмон.

 

Scroll to Top