Деновиве се појави фотографија на која Бред Пит и Џенифер Анистон се бакнуваат. Таблоидите се преполнети со вести дека поранешните партнери оставиле сè зад себе и решиле да ѝ дадат втора шанса на нивната љубов. Во целата драма беше замешан и Џорџ Клуни, кој наводно го иницирал нивното смирување.
Но, по сè изгледа дека ексклузивната вест на која обожавателите на војката најмногу се израдуваа е лажна. Се утврдило дека фотографијата всушност е креација на Фотошоп, а се користела за да се измамат голем број читатели кои со нетрпение очекуваат реакција од славниот актер.
Освен фотографијата направена со помош на Фотошоп, ниту еден дел од текстот за нив не бил вистинит. Единствена вистина во целата драма е дека фотографијата навистина постои, но е составена од две други. Првата е направена во 2010 година во Будимпешта, но на неа не е Анистон таа што го бакнува Пит, туку Анџелина Џоли, чија рака е на рамото на познатиот актер.
Додека фотографијата од страната каде што стои Џенифер е исто така вистинска, а направена е за време на филмски сет при снимањето на филмот The Switch и дополнително била обработена за читателите да не откријат дека е измама.
Двете фотографии дополнително биле споени во една за да изгледа дека поранешните партнери се заедно.