Бар Рафаели е осудена за затајување данок

Светскиот топ-модел Бар Рафаели е осудена за затајување данок. Покрај глобата од 610.000 евра, таа ќе мора девет месеци да одработи општествено корисна работа.

Судот во Израел ја осуди манекенката на 20 јули по давањето лажни изјави за нејзиниот престој во странство со цел да избегне да ѝ плати данок на државата.

Таа ја признала вината со цел да се договори за казната. Договорот го потврди и судот во Тел Авив. Израелските државјани, кои престојуваат во странство, не се обврзани да ги пријават своите приходи што ги имаат заработено надвор од земјата.

Но, израелските власти ги обвинуваат манекенката и мајка ѝ за пријавени фиктивни престојувања во странство со цел да ја искористат дупката во законот во Израел и да платат помалку данок.

Мајката на Бар, Тзипи Рафаели, која исто така се изјаснила за виновна и која преговарала за казната, е исто така осудена. Таа ќе мора 16 месеци да одработи општествено корисна работа и да плати глоба исто така од 610.00 евра.

Бар Рафаели ќе почне со работата за општо добро на 21 септември.

Scroll to Top