Рита Ора, Дуа Липа и Бебе Реџа е триото пејачки со албанско потекло кои го освојуваат светскиот музички пазар. Но, малкумина знаат дека родителите на Реџа се Албанци, потекнуваат од Македонија – татко ѝ е од Гостивар, мајка ѝ од Дебар. Родена е во Гостивар 1989 година како Блета Реџа и во Македонија живеела до шестата година кога со семејството се преселила во Њујорк. Често изјавува дека се гордее на своето балканско потекло (македонско-албанско) и на родните градови на своите родители.
Освен што е одличен вокал, пејачката е исто толку добар автор. Таа ја напишала песната „The Monster“, која ја испеаја Ријана и Еминем. Таа овој сингл го снимила за својот прв соло-албум, но соработниците ја убедиле да му ја понуди песната на Еминем. Има напишано песни и за Ники Минаж, Дејвид Гета, Иги Азалеа, Ник Џонас, Афроџек, Питбул, Селена Гомез и Мартин Герикс.
Последна во низата соработки е песната „Back to You“ со Луис Томилсон, поранешниот член на групата „One Direction“.