Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам планира да изгради подземен тунел, под својот имот во Англија, со цел да го заштити неговото семејство од арамии. Познато е дека Дејвид и Викторија Бекам во минатото биле често на мета на крадци, па сега побарале поголема заштита за нивниот имот кој вреди околу осум милиони долари.
Тие претходно имотот го заштитиле со бодлива жица, што наиде на негодување кај соседите. Дел од нив сметаат дека на тој начин го нарушиле угледот на целото соседство, додека други сепак наоѓаат разбирање и сметаат дека грижата за семејството е најважна.
Откако тунелот ќе биде изграден, семејството Бекам ќе може да излезе од својот имот, кој има девет соби, директно во гаражата. На тој начин, сите сигурно ќе можат да излезат од куќата во случај да бидав во некаква опасност.
Под постоечката гаража, до која ќе води тунелот, Бекам планира да изгради и подрум, во кој ќе чува разни типови на вина и други вредни работи. Бекам неодамна го прослави својот 45. роденден.