Пензионираниот англиски фудбалер Дејвид Бекам (43) и неговиот пријател, режисерот Гај Ричи (50), планираат да отворат паб во Британија. Двајцата потрошиле 3 милиони фунти за да ја купат палатата Валмер во Нотинг Хил.
Имаат план да ја претворат во пивница, а идејата е во преуредениот дворец да доаѓаат само висока класа луѓе.
Како што пишуваат британските медиуми, ваквата реновација ќе ги чини двете ѕвезди дополнително. Пивницата ќе биде како светски клуб со членови од светот на филмот, музиката и медиумите.
„Бекам не може да дочека да почне со реновирање. Има силна желба да го отвори тој клуб“, изјавил извор близок до Бекам и додал дека покрај пивото што го произведува неговиот пријател Ричи, во клубот ќе се продаваат и најскапите вина во светот.
Самата палата се наоѓа во близина на семејната куќа на Дејвид и неговата сопруга Викторија Бекам, со која има четири деца. Бекам покажа дека има претприемачки дух уште кога почна со ангажманите околу својот фудбалски клуб во Мајами.